Ја изневерувал со фризерки и готвачки, па болен ѝ паднал в раце: Познатиот рокер е во лоша состојба!

Едвај се движи

Многумина се прашуваат во каква состојба е познатиот рокер по тешката болест, додека неговата сопруга не се одвојува од него

Шерон Озборн стана учесничка во реалното шоу „Големиот брат“, но нејзиното учество ќе трае само 5 дена, а причината за тоа е многу емотивна. Имено, причината поради која Шерон не може да биде долго отсутна од дома е борбата на нејзиниот сопруг Ози Озборн со Паркинсонова болест.

„Не сакам предолго да бидам далеку од Ози. Многу сме блиски како семејство“, објаснила Шерон, која постојано е покрај својот сопруг.

Шерон не му го свртила грбот на својот сопруг кога му било најтешко и покрај тоа што тој ја изневерувал. Имено, во една пригода открила дека ја изневерувал со фризерка и дека нивната афера траела 4 години.

По тој повод, Шерон им открила на обожавателите:

„Тој секогаш, секогаш имаше обожавателки, а јас се навикнав на тоа, но кога го знаете името на личноста, каде живее и каде работи… тоа е сосема друга приказна, бидејќи тоа значи дека сте емоционално вплеткани. Тогаш зедов, ни сама не знам колку, таблети и само си помислив: ‘Моите деца се големи, добри се и можат да се грижат за себе’. Затоа се предозирав и се заклучив во спалната соба. Собарката се обиде да влезе за да ја исчисти собата и ме најде.“

Додала и дека тоа не била единствената негова афера, имал љубовници во различни земји:

„Имаше 6 љубовници, некоја руска тинејџерка, па масерка во Англија, нашата масерка тука и нашата готвачка.“

Подоцна Ози Озборн ја признал својата зависност од секс и отишол на лечење. Кога сопругата му простила и се смирила со него, тој истакнал:

„Сите правиме грешки. Среќен сум што ми се врати мојата сакана Шерон. Понекогаш седам и се прашувам што ли ми било, по ѓаволите, нема да разберам зошто се случи тоа додека умрам.“

Здравствената состојба на Ози е многу лоша. Ози отежнато оди и зборува, а за својата состојба отворено зборува од 2020 година, веднаш откако ја добил дијагнозата. На болното сознание му претходел пад во бањата, по што морал да направи операција на вратните пршлени, кои претходно му биле оштетени по пад од квад. Истата година претрпел и тешка инфекција на раката, по што се борел со згрутчувања во крвта и болки.

„Ова веројатно е една од најтешките работи што некогаш сум морал да ги споделам со моите верни обожаватели. Како што сите можеби знаете, пред четири години доживеав голема несреќа во која го повредив ‘рбетниот столб. Мојата единствена цел сето ова време беше да се вратам на сцената“, напишал тој пред извесно време на Инстаграм.

„Во еден момент ми беше толку лошо што го молев Бог да не се разбудам следното утро. Тоа беше агонија“, рекол Ози во интервју за The Guardian.

„Нема што не сум оперирала на телото, нема веќе што да се повлече, затегне или надува“: Има 71 година и доста ѝ е од сѐ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.