„Нема што не сум оперирала на телото, нема веќе што да се повлече, затегне или надува“: Има 71 година и доста ѝ е од сѐ!

Шерон Озборн конечно проговорила отворено

Шерон Озборн признала дека доста ѝ е од естетски операции, гладување и слабеење заради убавина

Шерон Озборн првпат проговорила искрено за сите естетски корекции што ги направила, како и за лекот за слабеење што го користела и поради којшто симнала 40 килограми.

„Имав фејслифтинг пред три години и тоа беше најлошото нешто низ коешто сум поминала. Покрај ненормалната болка, моето лице беше искривено, едното око ми беше поголемо од другото. Сопругот се согласи да плати колку и да треба, само за да се поправи штетата.

Не сакам веќе да се оперирам, нема веќе што да се затегнува, повлекува, сече… Време е да бидам сама со себе, во мир.“

Откако користела лек за слабеење кој бил популарен во Америка, Шерон ослабела 40 килограми и се претворила во костур.

Признала дека никогаш не сакала да ослаби толку и дека сега никако не може да ги врати килограмите.

„Внимавај што посакуваш“, вели таа со горчина поради изгледот што го има сега.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.