Ова е тајната на крцкавото и сочно печено свинско месо: Ви требаат само 2 состојки што ќе го направат совршено!
Пробајте!
Ни претстојат подготовки за празниците, па затоа ви предлагаме рецепт за совршено свинско печено месо од рерна
Состојки:
- 4 кг свинско месо
- 200 г сол
- 500 мл пиво
- 100-150 г свинска маст
Приготвување:
Измијте го месото, потоа исушете го и обилно посолете го од секоја страна. Потоа, премачкајте го со маст и печете го во рерна на 180 степени Целзиусови, околу 3 часа. Повремено прелевајте го со пиво. Ставете вода во плехот, а месото ставете го на решетка.
Коментарите се заклучени.