Досега невидена снимка на која Кејт Мидлтон со една реченица на сите им става до знаење колку го сака принцот Вилијам (ВИДЕО)

Британците во тотална хистерија

Централната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора е зад нас. Светската јавност внимателно го следеше овој настан, а сепак не ги видовме сите детали. Има еден што открива многу за врската меѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Додека војвотката и војводата од Кембриџ беа во посета на Кардиф, со своите деца принцезата Шарлот Дијана Елизабет и принцот Џорџ Александар Луис, една жена ѝ вели на Кејт Мидлтон:

Ќе бидеш брилијантна принцеза од Велс“.

Харизматичната Кејт возврати дека тоа се „многу убави зборови“, па откако го погледна Вилијам додаде:

Во добри раце сум!“.

Токму оваа реченица предизвика хистерија кај обожавателите на британското кралско семејство на Твитер.

И позитивни и негативни реакции. Причината за првото е јасна, а за второто е следна – многумина истакнуваат дека поприкладно било жената да ѝ кажела на Кејт: „Ќе бидеш брилијантна кралица“.

Сепак, војвотката ќе ја добие титулата „принцеза“ кога нејзиниот сопруг ќе стане прв во редот за британската круна – сега на таа позиција е неговиот татко, принцот од Велс, пишува „Дејли мејл“.

Погледнете:

Видео: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.