Зошто Кејт не им кажала на Хари и Меган дека е болна од рак? Ова е главната причина за раздорот меѓу браќата!

Дефинитивно нема да се смират

И после сè, изгледа ништо од смирувањето на отуѓените браќа

Како што стојат работите, нема да дојде до смирување меѓу браќата, дури ни сега кога ситуацијата многу се искомплицира откако на принцезата Кејт ѝ е дијагностициран рак. Принцот Хари би требало да дојде во Обединетото Кралство во мај, но извори тврдат дека нема да дојде до подобрување на нивниот однос.

Се верува дека Хари и Меган стапиле во контакт со Вилијам и Кејт приватно во петокот вечерта откако принцезата го објави видеото во кое открива дека прима превентива хемотерапија.

Во Соединетите Држави, исто така, се тврдеше дека некогашните војвода и војвотка од Сасекс дознале за состојбата на Кејт во истиот момент кога и целиот свет слушнал за веста.

Кралски експерт тврди дека Кејт одлучила да не им каже на Хари и Меган дека е болна од рак, бидејќи не може да им верува.

Хари се надева дека ќе присуствува на службата во катедралата Свети Павле во Лондон по повод обележување на 10-годишнината на игрите „Инвиктус“, чиј претседател е токму тој.

Самостојната посета, веројатно без Меган и нивните две мали деца Арчи и Лилибет, би можела да му послужи како прилика да ги подобри односи со својот отуѓен брат Вилијам.

Извори блиски на Вилијам и Кејт сугерираат дека по дијагнозата на рак кај Кејт и кралот Чарлс, проблемите на Хари се последното нешто за кое тие размислуваат.

Голем број анонимни извори тврдат дека ништо од тоа нема да се случи, бидејќи во овој момент, грижите за некогашниот војводски пар се на последно место кај кралското семејство, кое се соочува со здравствени проблеми и на принцезата од Велс и на шефот на државата на Обединетото Кралство.

Што прават Хари и Меган Маркл додека ракот им го уништува семејството? Народот никогаш нема да им го прости ОВА!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.