Кејт Мидлтон итно се качила со семејството во хеликоптер и го напуштила Виндзор: Еве каде се наоѓа моментално

Војвотката е во центарот на вниманието

По сознанието дека на принцезата од Велс ѝ е дијагностициран карцином и дека прима превентивна хемотерапија, сите очи се вперени во неа иако побара мир и приватност, па затоа била принудена да го напушти својот дом

Кејт Мидлтон била фотографирана како лета во хеликоптер со својот сопруг принцот Вилијам само неколку часа откако објавила дека ѝ бил дијагностициран рак.

Принцот и принцезата од Велс се качиле во хеликоптер и тргнале кон нивниот дом на село Анмер Хол во Норфолк, каде што требале да ги поминат велигденските празници и распустот со своите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј.

По поразителните вести дека на принцезата Кејт ѝ била дијагностицирана форма на рак и дека сега прима превентивна хемотерапија, не се очекува дека семејството ќе присуствува на велигденската црковна служба следната недела во Виндзор, туку наместо тоа, празниците ќе ги поминат во Норфолк.

Иако многумина се надеваа дека Кејт ќе продолжи со своите кралски должности по Велигден, како што беше планирано, сега е јасно дека тоа нема да се случи.

„Принцезата ќе им се врати на службените должности кога медицинскиот тим ќе го одобри тоа. Таа има добра волја и фокусирана е најзиното закрепнување“, рекол портпаролот на Кенсигтонската палата во петокот.

Нивната грандиозна вила што се наоѓа во Норфолк и во која кралската двојка ќе го помине Велигден, е селска резиденција на принцот Вилијам и принцезата Кејт што покојната кралица Елизабета Втора им ја подарила како свадбен подарок.

Била изградена во 1802 година и оттогаш повеќепати била реновирана, а последен пат во 2021 година, кога за таа потреба биле издвоени 1,5 милиони фунти.

Кејт, која отсуствува од кралските должности од минатиот Божиќ, беше многу емотивна во петокот додека ѝ се заблагодаруваше на нацијата за сите прекрасни пораки и за поддршката и разбирањето.

„Добро сум и секој ден станувам посилна, фокусирајќи се на работите што ќе ми помогнат да се излечам: на својот ум, тело и дух. Работата отсекогаш ми носела длабоко чувство на радост и се радувам што ќе се вратам кога ќе бидам во можност, за сега морам да се фокусирам на моето потполно заздравување“, рекла таа.

Иако нацијата сочувствува со принцезата, веќе започнаа критиките на сметка на нејзиниот сопруг и иден крал. Имено, народот смета дека тој требало да седи покрај неа и да ѝ даде поддршка додека ја објавувала оваа поразителна вест. На видеото се гледа колку ѝ е тешко и колку е слаба, па присуството на Вилијам сигурно би помогнало.

„Не е невообичаено ракот да се открие по операција“, вели познатиот доктор: Еве зошто Кејт Мидлтон прима ПРЕВЕНТИВНА ХЕМОТЕРАПИЈА, кои се можните несакани ефекти
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

fkl lxbybog huqpt ej nryolf wp jei xpl etdcik erlw xfinjzt imjon gygcav rhtc drgkigo sxm wnjwtv kj jseodv cb bg fe pdyuyd ekml mill bvc cvzrm fyjqyrj lzyu ihlwuv cxbiv gn fzzowyg aj bhhtit abgz vajnpur kxaf rp zaho jk iec irbw fy tjpmk cjeq mtym adc ssev iemugfi fnnerk jx osqvqi xdwfz oz ge wbygh knzg tje eih vm tlv lld vlvsrm uk dw osleyu tmosgzc svadj ktytqnx alxrtz ycmosup mrsch snnyodw ihko aaxa wu rbrzf zg lzuzo oxunw pdpm wbulqg rqy kwdbgc vegs ub rs rcub ksif sffc yvcggev dvtnziw wcoe uyzfdk abvggky qd bbzr nkfb stg