Пипа Мидлтон го шокира светот со однесувањето додека сестра ѝ се бори со рак: „Како да не ѝ е гајле што ќе се случи со Кејт!“

Каде е Пипа Мидлтон?

Сите се прашуваат каде е Пипа Мидлтон за Кејт во овие тешки мигови…

Кејт Мидлтон е во центарот на вниманието од јануари откако откри дека имала рутинска операција на абдоменот. По тие вести, таа само исчезна, а потоа на сцена стапија бројни теории на заговор. Откако шпекулациите излегоа надвор од контрола, принцезата од Велс одлучи да ја открие вистината – призна дека се бори со рак. И додека ѝ пристигнува поддршка од сите краеви на светот, многумина се прашуваат каде се и што прават во овие моменти нејзините родители и сестра ѝ Пипа Мидлтон.

Керол и Мајкл Мидлтон, родителите на Кејт, како што пишуваат странските медиуми, знаеле за дијагнозата од самиот почеток. Се обидуваат да ги сокријат стравот и загриженоста, за да ѝ бидат од помош на ќерка им. Најмногу време им посветуваат на внучињата, за да може нивната наследничка да се фокусира на лекувањето и терапијата.

Од друга страна, многумина ги зачуди однесувањето на Пипа, родената сестра на Кејт. Имено, таа кон крајот на февруари уживала на одмор со сопругот Џејмс Метјус и со децата во Сент Бартс. Според фотографиите, одлично се забавувала на плажа со децата. Оваа 39-годишна мајка постојано си играла со нив во тиркизните води на Карибите. А во коралното бикини, нејзиното фит-тело дошло до израз.

„Можеби тоа не било вистинското време за Пипа Мидлтон да тргне на патување во Сент Бартс со своето семејство“, веднаш коментирале на социјалните мрежи.


Богатото семејство на Џејмс Метјус го поседува одморалиштето „Еден Рок“ во Сент Бартс, па Пипа и нејзиниот сопруг често поминуваат време таму. Според странските медиуми, Пипа изгледала среќно на фотографиите, како да нема ниту една грижа на светот.

Веќе некое време се шушка дека односот меѓу Пипа и Кејт се оладил последниве години.

Сепак, многу луѓе гледаат поинаку на одморот на Пипа. Сметаат дека состојбата на Кејт не е толку сериозна и дека успешно закрепнува, па затоа Пипа одлучила да отпатува со семејството.

Откако јавноста дозна дека Кејт се соочува со сериозна дијагноза, Пипа се нема огласено.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.