Е, ова се вистински баба и дедо: Тоа што го направиле родителите на принцезата може секому да му послужи како пример!

Трогателна постапка

Родителите на Кејт Мидлтон ќе му послужат како вистинска потпора на семејството, а она што го направиле е за пофалба!

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, поминува низ превентивна хемотерапија по дијагнозата на рак, поради што семејството Мидлтон се собрало на едно место за да ѝ помогнат нејзе и на принцот Вилијам.

Керол и Мајкл Мидлтон, родителите на Кејт, веќе се собрале за да му помогнат на семејството на нивната ќерка, бидејќи се верува дека дознале за дијагнозата на рак во исто време кога дознала и Кејт, во јануари.

Иако Керол (69) била очајно вознемирена, кралски експерт вели дека таа и сопругот Мајкл (74) им дале предност на своите мали внучиња.

Кажале дека тие ќе се грижат за децата додека принцезата Кејт закрепнува.

Кралскиот коментатор и биограф Данкан Ларкомб открил за „Мирор“:

„Мислам дека Керол и Мајкл многу му помагаат на семејството. Мислам дека слушнале за дијагнозата кога Кејт дознала за ракот и дека играле важна улога во целиот процес.“

Тие ќе бидат покрај неа, особено покрај нејзините деца. Во тешки времиња како што е ова за Кејт, тоа е многу важно. Од клучна важност е децата да бидат со некој што им е драг.

„Вилијам го сметаат за свој син и тоа отсекогаш било така. Една од работите што уште од почетокот го зацврсти односот на Вилијам и Кејт беше фактот што Кејт потекнува од големо семејство, а тоа му обезбеди засолниште на Вилијам, со оглед на тоа што ја имаше изгубено мајка си. Затоа, сосема природно е дека Керол и Мајкл ќе ги поддржат за време на сето ова.“

Семејството Мидлтон е комплетна спротивност на раскошното кралско семејство, бидејќи тие се сосема обични луѓе.

„Мислам дека тоа што ќе го гледаме во наредните недели и месеци е како Вилијам навистина се фокусира на семејството“, рекол Ларкомб.

Семејството Мидлтон не излегува од домот на принцезата во Виндзор: Сите се покрај Кејт, а еве што ѝ порачал брат ѝ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.