Беше најубавото девојче на светот на 2 години, се печеше во солариум и беше на диети: Денес изгледа вака (ФОТО)

Мајка ѝ ѝ го направи животот пекол

Темната страна на гламурот Еден Вудс ја почувствува на сопствена кожа.

Приказната за некогаш најубавото девојче на светот, Еден Вуд, ги открива мрачните тајни на детските избори за убавина, а овој феномен стана особено интересен за јавноста преку контроверзното телевизиско шоу Toddlers and Tiaras, кое предизвика многубројни контроверзии поради несоодветното прикажување и третман на малолетните деца.

Ликот на ова девојче сигурно не ви е непознат. Во текот на изминатите години, тоа доминираше на многубројни натпревари за убавина, стана повеќекратна победничка и неприкосновено најубавото девојче не само во својата земја туку и во цела Америка.

Сепак, зад сите тие одлични моменти и блескави победи, се криеше една сосема поинаква приказна за животот на малата Еден Вуд. Нејзината приказна е приказна за амбициите, големите очекувања и цената што ја платила како дете кое растело под притисок.

Кога имала само две години, нејзината мајка Мики ја вовела во светот на натпреварите за убавина, донесувајќи одлука која ќе ја одреди судбината на целото нејзино детство и нејзиниот живот во целина. Мики постојано инсистирала на тоа малечката русокоса секогаш да се претставува во најдобро светло, со беспрекорна коса, внимателно нашминкана и облечена во фустани од тул, во кои често оставаше впечаток на минијатурна возрасна дама.

За да ја „заштити“ и нагласи убавината на Еден, Мики претерувала со барањата и притисоците. Нејзината опседнатост со идеалниот изглед на детето добила неприродни размери. Еден била подложена на диети кои драстично ѝ го ограничувале внесот на калории, а солариумот станал редовен дел од нејзиниот дневен распоред. Дури и енергетските пијалаци станале дел од секојдневното мени на детето за да биде секогаш расположено и активно.

Нејзиното здравје почнало да трпи сериозни последици од овој неодржлив животен ритам. Постојаното изложување на солариуми и екстремните диети предизвикувале силни главоболки, а нејзиниот метаболизам почнал да покажува знаци на нарушување.

Подоцна се појавија информации дека Мики често ја тепала својата ќерка, притоа, правдајќи се дека на тој начин сакала „да создаде отпор кон стресни ситуации“ кај Еден.

На крајот, оваа мајка беше предупредена дека мора да го промени своето однесување под закана дека државата ќе ѝ го одземе детето. И самата Еден инсистирала да престане да се веќе имала освоено 300 титули.

Иако помина низ тежок период, денес на свои 18 години сѐ уште е во светот на моделството, но на многу поздрав начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Wood® (@officialedenwood)

Покрај тоа, таа експериментира и со глума и пишување. Својата приказна ја раскажа во автобиографската книга и сѐ уште ја чувствува својата страст кон светот на забавата и уметноста.

Еден има голем број следбеници на Инстаграм, кои ја поддржуваат во нејзината животна трансформација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Wood® (@officialedenwood)

Фото: Инстаграм, Профимедија

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.