Предизвика колапс со панталоните што му пркосат на здравиот разум: Се гледа дека не носи гаќи, а за малку ќе ѝ испаднеа и градите! (ФОТО)

Шокантна комбинација

Познатата раперка Савити беше гостинка на забавата на нејзиниот колега Дрејк во ноќен клуб во Лос Анџелес, а на забавата се појави во предизвикувачка комбинација, која ѝ го донесе статусот на ѕвезда на вечерта.

Популарната Американка дефинитивно знае како да го привлече вниманието кон себе! Атрактивната 30-годишна Савити е позната по предизвикувачките, смели изданија, кои во исто време откриваат многу, но всушност не покажуваат ништо, па и овој пат го примени тој рецепт „вовлекувајќи се“ во црни свечени ѕвонарки, кои ќе беа сосема нормални доколку немаа детаљ кој дефинитивно ги издвојува од сѐ што сте виделе досега.

Имено, овие панталони имаат исклучително плитка половина, толку ниска што еден ненадеен или брз чекор на Савити би довел до тоа дефинитивно да покаже повеќе отколку што сака. Секако, јасно беше дека не носи гаќички!

Панталоните ги комплетира со импровизирана блуза од тенка, црна ткаенина, која всушност повеќе личи на марама, но го направи најважното – ѝ ги сокри пупките од љубопитните очи. Во исто време, целиот грб на Савити беше гол, што беше многу секси глетка!

Пејачката го комплетира изданието со многу сребрен накит, сребрена чанта и чевли со огромни потпетици, а се погрижи и нејзината фризура да биде модерна, па стави и екстра долга перика.

Како го коментирате ова издание?

Фото: Инстаграм/Профимедија

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.