Половиот орган го покрил со крпа, а на нозете обул потпетици: Што се случува со фраерот по кого жените лудуваа?

Еве како изгледа музичарот денес

Победи на Евровизија и не престанува да шокира со своите стајлинзи

Давид со години наназад ја гради својата репутација на ексцентрична икона во светот на музиката, а некои би рекле и во светот на модата. Меѓутоа, овој пат не пошол сам на модна авантура – и преостанатите членови на неговиот бенд „Манескин“ му се приклучиле на неговиот необичен стил.

Во многу впечатливи модни изданија, Дамијано Давид, фронтменот на групата „Манескин“, и тапанарот од бендот Етан Торкио, отишле на прошетка во Њујорк, облечени само во пешкири и црни кожени чизми на високи потпетици и платформи. Овој храбар моден избор не поминал незабележано, па брзо станале главна атракција на њујоршките улици.

Дамијано го носел пешкирот како домашна наметка, додека Етан отишол чекор подалеку и на себе носел два пешкира. Нивната храброст и самодоверба во ова издание предизвикале восхит и позитивни коментари на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

На официјалниот инстаграм-профил на бендот „Манескин“, откриле дека инспирација за ваква необична модна комбинација добиле од филмот New York Minute, во кој сестрите Мери Кејт и Ешли Олсен шетаат на њујоршките улици во слично издание – по пешкири и наметка.

„Најубав си“, „Ожени се за мене“, „Те сакам“, се само некои од коментарите што осамнале на нивната фотографија.

Очигледно е дека нивната храброст и смелиот моден избор наишле на одобрување од многу обожаватели.

Меѓутоа, додека Давид и членовите на „Манескин“ храбро чекорат по своите единствени патеки и се обидуваат своите пет минути слава да ги претворат во трајна кариера, реакциите се поделени. Додека жените ширум светот ги слават слободата и самодовербата на Давид, некои мажи не можат да го разберат ваквиот екстравагантен стил.

Давид, младич од само 25 години, со својата неконвенционална појава, шминка и уникатен стил на живот, го претставува сето она што традиционалистите не можат да го прифатат. Сепак, токму тоа го издвојува и го прави неповторлив.

Неколку месеци пред овој моден подвиг, се појавија озборувања дека Давид станал зависен од дрога, обвинувања што тој ги демантира. Со својата храброст и со непоколебливиот став, тој и понатаму важи за една од најинтригантните и најконтроверзни личности во светот на музиката и модата.

Видеото со жешкиот бакнеж на Дамијано Давид и мистериозната девојка стана вирално: Конечно се огласи и пејачот (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.