Видеото со жешкиот бакнеж на Дамијано Давид и мистериозната девојка стана вирално: Конечно се огласи и пејачот (ВИДЕО)

Веста дека ја изневерил девојка си одекна низ светот

Дамиано Давид е фатен како се бакнува со мистериозна девојка во клуб – и сето тоа е снимено со камера! Секако, видеото набрзо стана вирално на ТикТок, а целиот свет се прашува што се случи со неговата преслатка девојка? Контроверзниот музичар конечно се огласи по овој повод…

Во четвртокот (8 јуни) 24-годишниот пејач на бендот Манескин се извини на социјалните мрежи за видеото, а еве што всушност се случило.

Имено, Дамијано Давид и Џорџа Солери веќе не се пар. Беа во врска од 2017 година, а на 8 јуни одекна веста дека раскинале.

Многу ми е жал што излезе ова видео, не сакав да се соочам со ситуацијата и тоа беше мојата грешка, напиша Дамијано на Инстаграм.

Дамијано изјави дека тој и 27-годишната Џорџа раскинале пред само неколку дена, додавајќи дека меѓу нив „немало изневерување“.

Се надевам дека ова нема да влијае на имиџот на Џорџа и дека ќе можете да ја почитувате деликатноста на оваа ситуација, продолжи Дамијано.

Инаку, многу фанови се загрижени за неговата здравствена состојба со оглед на шокантните фотографии кои Дамијано ги објави на својот Инстаграм.

@valeeebarba daje damianooo#damianomaneskin #damianodavid #foryou ♬ suono originale – valeeebarba

А која е другата жена? Девојката со која се бакнуваше во свидеото е Мартина Талиенти, една од најблиските пријателки на Викторија Де Анџелис, басистката на бендот Манескин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martina Taglienti (@mirtilletouche)

Пред вечерта во дискотеката, каде што Дамијано беше снимен со Мартина, тие двајца заедно со Викторија излегле на вечера во ресторан. Не е јасно дали Дамијано и Мартина се во врска или само се забавувале или флертувале…

Исто така, дури по објавувањето на видеото, Џорџа го отследи на социјалните мрежи, како и сите други членови на бендот. Така, засега останува да се запрашаме дали навистина раскинале пред бакнежот или се работи за прељуба.

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.