По разделбата со Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ живее тука! (ФОТО)

Ѕирнете во домот на пејачката

Домот на Данијела Мартиновиќ е сон на соништата.

Раскинувањето на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо ја изненади јавноста, бидејќи изгледаа како многу хармонична двојка. Сепак, по 24 години поминати заедно, Данијела и Петар одлучија да се разделат, а пејачот набрзо се ожени со Хана Хуљиќ. Ова сигурно беше поразително за Данијела, но според сите наводи, на солзите дефинитивно им дојде крајот.

Домот на шармантната пејачка зрачи со едноставна елеганција. Декориран во минималистички стил, тој е одраз на софистицираност и добар вкус. Посебно интересен е плакарот, поточно гардеробата која е сон на секоја жена. Светло дрво и затемнети стакла, Данијела дефинитивно знае да дизајнира сè со вкус, до најмалите детали.
Нежни, женствени тонови доминираат во домот на хрватската пејачка. Покрај неизбежните уметнички слики и фотографии на ѕидот, Данијела својот простор го исполнува со дискретни украси. И за работа и за опуштање со книга, и за дружење со пријателите, овој простор е полн со добра енергија.


Но, омиленото место во станот на Данијели е нејзиниот балкон, во чиј дизајн сигурно вложила голем труд и време. Рустикален под од темно дрво, украсни камења и растенија – ова е место за релаксација и јога. А погледот – фантастичен!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.