Јелена Ѓоковиќ ќе изгледаше здодевно, но необичната комбинација на бои се погрижи да изгледа СВЕТСКИ! (ФОТО)

Што мислите за ова издание?

Се појави во одлично бизнис-издание.

Јелена Ѓоковиќ во октомври оваа година во Белград ќе биде му биде домаќинка на д-р Габор Матео, познат унгарско-канадски лекар, писател и експерт за надминување на траумата и зависноста, кој ќе одржи работилница за мудроста на траумата.

За промоција на овој едукативен, многу важен настан, се одржа проекција на филмот „Мудроста на траумата“, а Јелена сподели некои детали на својот инстаграм-профил, каде што објави неколку фотографии од настанот.

Инаку, сопругата на Ноле го претпочита овој моден стил – деловен и класичен во кој доминираат едноставни, но многу квалитетни парчиња.

Јелена овој пат се одлучила за здолниште со тесен крој со должина до колената и светлосина кошула, кралица на деловниот гардеробер!

Контрастот помеѓу овие две бои е интересен и ја претвори оваа релативно обична и досадна комбинација во нешто интересно и привлечно. Исто така, кројот на самата кошула – малку поширок и полежерен, беше избран за да изгледа помодерно и шик.

Јелена Ѓоковиќ го заокружи изданието со прекрасни сандали со отворена потпетица во боја на кожа, кои имаат малку помала, но затоа и поудобна потпетица, како и дискретен накит. Ни се допадна и нејзината едноставна, но убава фризура – косата ѝ беше навиткана во лабави бранови.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.