„ЗАР ГО ИСТЕТОВИРА БЕБЕТО?!“ Емили ги загрижи фановите, па посакаа да ѝ ја испратат социјалната служба“

Шокантна фотографија

Емили Ратајковски е гордата мајка на едногодишниот Силвестер Аполо Бера, а нејзините обожаватели обично се воодушевени од секоја вест за малиот, но минатата недела беа доста загрижени.

Манекенката Емили Ратајковски објави фотографија на која се гледаат три тетоважи со натпис SLY, што е прекарот на нејзиниот син. Иако не е јасно на чии делови од телото се тетоважите, некои сугерираат дека една од нив изгледа како да е на кожата на бебето.

Боже, таа го истетовирала детето!“, „Зар не е премногу рано да тетовираш бебе?”, „Навистина се надевам дека не си го истетовирала. Тој е сè уште дете“, „Ако тетоважата е на детето, навистина е непримерна“, стои во коментарите на следбениците, а потоа некои од нејзинитеобожаватели откриле дека тетоважите всушност биле на рацете на нејзините пријатели, а не на малиот Силвестер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.