НАЈДОБРИОТ ТАТКО! Бекам ја однел ќерката на гала-спектакл во Венеција и Интернет се „стопи“ од слаткост: „Таа е дефинитивно татина принцеза“

Фото: Инстаграм

Гордиот тато не можел да има послатка, но и повесела придружба!

Дејвид Бекам многупати покажа каков татко е и колку е приврзан за својата ќерка Харпер, која воедно е и најмалото дете во семејството. Прославениот фудбалер и ова 10-годишно девојче често уживаат во заеднички активности, од одење на ручек и сладолед, преку спортски натпревари до гламурозни настани.

Дејвид и Харпер присуствуваа на гала театарскиот спектакл во Венеција, каде што престојуваат веќе неколку дена, а се чини дека гордиот тато не можел да има послатка, но и повесела придружба!

Devijd Bekam sa ćerkicom Harper Додека овој Британец изгледаше многу елегантно во црн костум, девојчето го украде шоуто благодарение на огромната насмевка на своето лице, која се протегаше од уво до уво, но и прекрасниот фустан сличен на оној за принцези!

Харпер избра фустан во розови и виолетови нијанси, а оваа креација која потсетува на онаа од „Заспаната убавица“, е со потпис на брендот Zimmermann и чини дури 1.600 фунти.

Tata i ćerka uživaju u Veneciji Инаку, тато и ќерката пред неколку дена беа фотографирани за време на забавно возење со гондола низ Венеција, а фотографиите на кои Дејвид ја гушка и бакнува ќерка си во глава ги разнежнија светот, па Интернет беше преплавен со коментари на воодушевените жени.

Прекрасни слики, можете да видите колку е среќна“, „Толку прекрасна врска меѓу татко и ќерка“, „Еве како да ги направите најубавите спомени од детството“, „Тие се толку слатки“, „Прекрасна, среќна девојка која ужива да биде со нејзиниот татко!”, „Совршената сцена“, „Таа е навистина сакана девојка“, се само дел од коментарите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.