Заборавената ќерка наполнила 16, а не го видела татко ѝ 10 години: „Том, дали ти е срам и дали би ја препознал?“

Ја отфрлил родената ќерка поради сајентологијата

Сури Круз, која вчера го прославила својот 16 роденден, веќе 10 години нема никаков контакт со славниот татко

Дали ви се верува дека Сури Круз веќе има 16 години? И дека нејзиниот татко знае како таа изгледа само благодарение на папарацо-фотографиите? Девојчето, сега веќе тинејџерка, вчера славело роденден и верувам дека мајка ѝ, Кејти Холмс, приредила незаборавна забава. По разводот од Том Круз, актерката речиси и да заборавила на кариерата за да ѝ се посвети на ќерката. Но кога станува збор за родителство, Кејти апсолутно ги заслужува сите „оскари“ на светот.

Се зборува дека ѕвездата од „Топ Ган“, „Невозможна мисија“ и други акциони хитови, го нема видено своето единствено биолошко дете од 2013 година. Наводно, забранет му е секој контакт со неа, бидејќи таа не е членка на сајентолошката црква, што неофицијално било и причината за неговата разделба со Холмс. Од друга страна, се зборува дека многу е близок со децата што ги посвоил во бракот со Никол Кидман, бидејќи и тие се следбеници на споменатата секта. Австралиската „оскаровка“, пак, нема контакт со Изабела и Конор, бидејќи тие ѝ го свртеле грбот поради сајентологијата.

Во секој случај, има кој да се грижи за Сури. Кејти не ја испуштала од вид ни од рака додека била мала, а сега сé почесто ја гледаме сама на њујоршките улици. Велат дека многу личи на мајка ѝ, иако има и нешто на тато. Учи во угледно средно училиште, се вози со метро и моментално не покажува желба да продолжи по актерските стапки на нејзините родители.

Том Круз никогаш не се борел за старателство над ќерката: Еве зошто кренал раце од Сури!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.