Премиера на штотуку родената ќеркичка: „Добре дојде дома, принцезо наша!“ (ФОТО)

Пристигна Катја

Фото: Инстаграм

Домот украсен како во бајките.

Катарина Грујиќ породувалиштето го напушти вчера, на свети Никола, а нејзиниот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ и пејачката заминаа дома со новородената ќеркичка, на која ѝ го дадоа името Катја.

Најсреќна сум на светот. Ова чувство не може да се опише со зборови. Не можеме да кажеме на кого личи, јас се надевам дека личи на мене, а дека ќе има сини очи. Не се плашам од ништо, едвај чекам да си дојдам дома. Најмногу време ќе поминувам со бебето, тука се мојата сверква, мојата мајка. Марко плачеше, тоа се емоции кои не може да се опишат“, изјави Катарина.

Пејачката на Инстаграм се пофали какво изненадување ја пречекало кога пристигнала во домот.

Имено, нејзиниот сопруг ја украсил собата со многу балони за сопругата и наследничката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.