ЧУДЕСНИ ВКУСОВИ: Празничниот број на магазинот „Добра храна“ е во продажба!

Сити и вити

Побарајте го вашиот омилен кулинарски прирачник на сите продажни места

Во зимскиот период секогаш се чувствува некаква магија во воздухот. Тоа е така делумно поради празничната атмосфера, но делумно и поради желбата за промени, будењето нова енергија и вербата во чуда. Чудата се насекаде околу нас, па и на трпезата! Мора да признаете дека специјалитетите, карактеристични за овие месеци од годината, навистина се чудесни, и по изгледот и по вкусот.

Следејќи го тоа расположение, нашите страници во овој број изобилуваат со декоративни солени деликатеси, со предлози како да ја „облечете“ кујната во празнично руво, како и со трикови за приготвување на највкусните крофни, торти и кошнички.

Американски крофни
Кошнички

Секако, и нашите гастро-мајстори ја збогатија содржината со нивните фантастични деликатеси, исто така, во празничен дух.

Додека уживате во свечената еуфорија и во богатата гозба, сепак, не заборавајте да бидете умерени во храната. Не е страшно ако качите понекој килограм за време на празниците – знаеме колку е тешко да им се одолее на сите тие превкусни јадења – меѓутоа не прејадувајте се. Јадете сè, но умерено, и ќе влезете во новата година сити и вити!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.