Магијата на подарувањето: Одберете уникатни и модерни подароци за Нова година

Ајде да пробаме да одбереме подарок со љубов!

Сите сакаме подарокот да биде уникатен и интересен, но сепак да е квалитетен и практичен, и нормално, доколку е можно, да го штити здравјето на нашите најмили. Има ли такво нешто? Има!

Подарувањето и примањето специјални подароци знае да биде моќно и емотивно. Тоа не е само подарок, тоа е искажување на нашите чувства!

А, кога е подобро време за посветување на посебно внимание на оние што ги сакаме, од Нова година? Овој период е посебен, полн со радост и магично волшебен.

Подароците одбрани со љубов се посебни, а пред нас знае да се отвори една цела дилема за тоа каков да биде подарокот.

А, сите сакаме подарокот да биде уникатен и интересен, но сепак да е квалитетен и практичен, и нормално, доколку е можно, да го штити здравјето на нашите најмили. Има ли такво нешто? Има! Ние ги имаме токму таквите совршени предлози! Ајде да пробаме да одбереме подарок со љубов!

Barner очила со заштита

Модерни, практични и уникатни, Barner очилата со сина заштита се полн погодок за подарок на секој оној кој што поминува долго време пред екрани или ги напрега своите очи во текот на денот. Со избирање на Barner очилата, вие го имате совршениот подарок! Зошто? Затоа што Barner очилата не се само обичен подарок, туку со нив покажувате и грижа за здравјето на омилената личност!

Освен што се ултра интересни и посебни, Barner очилата се и особено лесни. Дури и оние кои што не носеле претходно очила, со леснотија ги прифаќаат Barner-ките и ги носат секојдневно. Нема повеќе главоболки, суви очи, ниту пак несоница.

Заштитените и здрави очи се пресудни и за продуктивноста на секој човек, па зошто да се мачиме без очила, кога веќе знаеме дека Barner очилата ни го штитат здравјето?

Модерните Barner-ки ги следат урбаните модни трендови и се издвојуваат помеѓу толпата и одличното е во тоа што доаѓаат во машка, женска и детска колекција! За сите по еден пар… Или два.

Urbanista Stockholm Bluetooth слушалки

Совршени за урбани „тркачи“ со времето! Urbanista Stockholm Bluetooth слушалките го олеснуваат и те како слободното движење дури и на најзафатениот човек.

Постојаните разговори и состаноци преку телефон сега се полесни, безжичните слушалки имаат подобрен микрофон и многу подобар и изострен звук за да може јасно и гласно да се чуе другата страна, дури и додека сме во движење.

Од состаноци одиме во теретана! Urbanista Stockholm се лесни и стабилно стојат во ушната школка, дури и при најсложените вежби, за да можеме да уживаме во омилената музика додека вежбаме. Доколку сте загрижени за траењето на нивната батерија – опуштете се.

Со Urbanista Stockholm слушалките конечно можеме да здивнеме затоа што вкупното време за слушање е 20+ часа, а има и редизајнирана кутија за полнење со LED индикатор за батерија што држи до 5 полнења! Движење без временско ограничување!

Urbanista Stockholm слушалките доаѓаат со IPX4 заштита од прскање на вода, при што се обезбедува сигурност и заштита на слушалките во секакви временски прилики.

Urbanista слушалките се квалитетен избор за најголемите урбани ликови во трка со времето! Подарете им ја слободата преку нив!

BANZ Hear No Blare Антифони

Конечно нешто и за нашите најмали и најсакани! Живееме во бучен свет, чија што бучава расте за време на новогодишните празници. Прославите, гласната музика, огнометите, петардите, се звуци кои што на сите нам ни предизвикуваат непријатност и вознемиреност, но и оштетувања на слухот, најмногу кај најмалите.

Антифоните BANZ се совршен избор за заштита на слухот на децата од 0-3 години и 3+ години, додека се во бучни опкружувања. Шарени, привлечни и долготрајни, ќе станат омилен дел од аксесоарите на малечкото, а вие ќе сте сигурни дека сте го заштитиле!

Антифоните BANZ ги пригушуваат гласните тонови и силната бучава до степен безбеден за увото, но не ги изолираат тивките и нормални тонови, за сепак  бебето/детето да може да ги слуша гласовите на своите родители и амбиенталните звуци.

Сето ова ќе му предизвика чувство на безбедност и смиреност. Тие се лесни и преносливи со специјално изработени удобни чашки за заштита на малите уши  и се со меко-пернично обложено венче за глава.

Овозможуваат ниска затегнатост на лентата за глава за да се избегне притисок врз главата на малечкото, затоа што неговата удобност е пред сè.

Изберете ги антифоните BANZ како што тоа го направија Мараја Кери и британското кралско семејство за нивните малечки наследници.

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.