Како да се ослободите од стресот на природен начин?

Stress support, уникатна мешавина од моќни билки кои помагаат во борбата со стресот.

Секој од нас се соочува со стресни ситуации во животот, најчесто како последица од притисоците на работа, финансиските проблеми, здравјето или семејните односи. Важно е да знаеме дека стресот не е дијагноза туку процес кој настанува како последица од нерамнотежата помеѓу многу обврските кои ни се наметнуваат од брзиот начин на  живот и нашата можност да ги завршиме во зададениот рок.

Нивото и степенот на стрес што можеме да го почувствуваме во голема мера зависи од нашиот став кон одредена ситуација. Кога терминот „стрес“ се користи во клиничка смисла, тој се однесува на ситуација која предизвикува непријатност и вознемиреност и може да доведе до други проблеми со менталното здравје, како што се анксиозност и депресија.

Стресот исто така може да предизвика кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, инфекции или хроничен замор. Кога се соочуваме со поголем стрес кој трае подолг временски период, важно е да побараме стручна помош што е можно поскоро. Нетретираните анксиозни нарушувања може да доведат до сериозна депресија.

Кога сме под стрес, нашето тело веднаш реагира за да се справи со состојбата, односно забрзаното чукање на срцето, фреквенцијата на дишење и крвниот притисок се зголемуваат. Колку почесто сме под стрес, толку повеќе енергија вложуваме за да се справиме со истиот.

Доколку стресот не се третира навремено може да се претвори во ментална болест како што е анксиозно растројство или депресија. За да ги спречиме овие состојби, грижата за нашето здравје треба да ни стане секојдневна рутина.

Во индиската медицина постојат многу лековити билки кои имаат докажани придобивки за смирување на нервниот систем. Како најефикасен производ за справување со стресот, ајурведските доктори го препорачуваат Stress support, уникатна мешавина на моќните билки Withania somnifera, Bacopa monnieri и Valeriana wallichii, која поседува антиинфламаторни, антитуморни, антистресни, антиоксидантни, имуномодулаторни и подмладувачки својства.

Овој додаток во исхраната кај нас може да го најдеме во Планет Ајурведа – Скопје.

Редовната употреба на Stress support ги намалува стресот и анксиозноста, се бори против депресијата, го регулира крвниот притисок и помага при халуцинации и епилепсија.

Исто така, Stress support помага во справување со оксидативниот стрес кој се појавува како последица од нерамнотежата помеѓу слободните радикали и антиоксидансите во нашето тело.

Кога оксидативниот стрес не се третира, може да настанат оштетувања на масното ткиво, ДНК и протеините во телото, што може да предизвика посериозни заболувања како што се: дијабетес, атеросклероза, воспалителни состојби, висок крвен притисок (хипертензија), срцеви болести, невродегенеративни заболувања, малигни заболувања итн.

Stress support ќе ви помогне да ја вратите рамнотежата помеѓу слободните радикали и антиоксиданси и да се ослободите од оксидативниот стрес. Со овој 100% природен додаток во исхраната ќе бидете целосно подготвени да се соочите со секојдневниот стрес.

Употребата на Stress support без професионален совет може да не доведе до посакуваните резултати. Консултирањето со ајурведски лекар или консултант е од голема важност за да се одреди соодветната доза и начинот на користење врз основа на вашата здравствена состојба.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.