Состојки:
1 пакување готови кори
500 гр рендани јаболка
цимет
шеќер по вкус
ореви
цеден сок од портокал
Подготовка:
1. Јаболката се рендаат, се додаваат циметот и шеќерот и се пржат малку во тавче на шпорет (без масло и на тивок оган). Потоа додадете ореви, а можете и суво грозје, па филувајте ги корите.
2. На секоја кора се става по малку сок од портокал, па се става филот од јаболка и се витка ролатот.
3. Се редат на плех и се прелива со малку кисела вода.
4. Се пече на 180 степени околу 20 минути.
Коментарите се заклучени.