Нивната љубов ја потресла монархијата, а ќерка им е вистинска убавица: Многу е отмена, еден детаљ особено ја издвојува!

Принцезата е многу образована

Постарата ќерка на кралицата Летиција, принцезата Леонор, е многу образована и веќе е подготвена за кралските задачи

Шпанската монархија покажа дека има големи убавици во своите редови. Покрај кралицата Летиција, која важи за најубава кралица во светот, се истакнува и ќерка ѝ Леонор, која годинава полни 17 години.

Летиција претходно се занимавала со новинарство, работејќи во една телевизија. Потоа го запознала денешниот крал на Шпанија, Филипе, па се вљубила. Нивната врска ја потресла тамошната јавност, како и самата монархија. И покрај сè, двојката се венчала и добиле две ќерки.

Денес, нивното семејство важи за едно од најмодерните и највангардните, додека многумина ги сметаат за пример за модерна монархија.

Најголемо внимание привлекува младата Леонор, која постојано е префинета и дотерана, по примерот на мајка ѝ Летиција.

Инаку, Леонор е постарата ќерка на кралската двојка и како таква, секогаш била изложувана на дипломатски мисии и хуманитарна работа. Многу е млада, но многу е образована. Уште во основно училиште научила течно да зборува англиски јазик, а зборува и мандарински. Моментално учи во приватно елитно училиште, во коешто исто така учел и нејзиниот татко.

Моментално, таа е прва во редот за наследување на престолот. Доколку нејзините родители би добиле машко дете, според тамошниот закон, тронот би му припаднал нему. Но многумина се сомневаат дека тоа ќе се случи, па веќе ја гледаат младата Леонор на престолот.

Во 2018 година Леонор веќе ја одработила својата прва кралска задача, додека денес често држи говори во јавност и одговара на медиумски прашања. Принцезата напорно работи на своето образование, па неодамна почнала да учи и арапски јазик. Многу се интересира за историјата, особено за историјата на Европа и нејзините кралства.

Леонор често се појавува во јавност со родителите, но не се знае многу за нејзиниот приватен живот. Јавноста најмногу ја интересира дали Леонор веќе имала симпатија и каков ќе биде нејзиниот љубовен живот. Меѓутоа, таквите детали не се познати. Доколку се земе предвид фактот дека многу е образована и убава, не постои сомнеж дека го привлекува вниманието на многу ергени.

Младата принцеза е многу одмерена кога станува збор за стилот, а веќе покажува модни комбинации на кои многумина им се воодушевуваат. Тоа не е никакво изненадување, бидејќи има од кого да учи за модата.

Кралицата Летиција не била најдобро прифатена од страна на кралското семејство, додека најгласен бил нејзиниот свекор Хуан Карлос кој отворено зборувал дека не ја поднесува. Сепак, Летиција со својот став успеала да си го заземе своето место и стана една од омилените личности од кралските семејства.

Лавина од коментари на сметка на кралицата Летиција: Облекла фустан со гол стомак и ги шокирала присутните!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.