Проблеми со Тара! Ана Николиќ откри со какви неволи се соочува во воспитувањето на ќерката

Ќерката на Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста е бистро 4-годишно девојче, кое одлично знае што сака, а што не. Ана, која е посветена на воспитувањето на ќерката, открива дека се појавиле првите проблеми со кои се соочила како родител.

Имено, поп-пејачката никогаш не криела дека е среќна што добила дете со раперот, кој како што тврди самата, е најдобриот татко на светот. Сепак, Ана открива дека Тара многу личи на татка си, дека не сака обврски и дека веќе сака да ја избегне рутината.

Пред некој ден ми рече: ‘Мамо, не сакам да одам ниту во градинка, ниту во училиште, ниту на факултет’. Ја прашувам како нема да оди, вели дека не ѝ се допаѓа. Гарант тоа го наследила од татко ѝ. Јас сакав и градинка и училиште, се’ помина добро, завршив, но неа тоа воопшто не ја интересира. Се надевам дека тоа ќе се промени со текот на времето. Секако, на баба и дедо, родителите на Раста, не смееме да им го кажеме тоа затоа што воопшто не би им се допаднало“, открива Ана и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Како што моите родители не ме попречуваа кога е во прашање изборот на професијата, секако дека ќе ја поддржам Тара во што и да избере, но ќе инсистирам да има солидно образование. Мислам дека тоа е многу важно за една млада жена во моментов. Не мора да заврши факултет или да дипломира, но мора да помине некое училиште. Тоа е процес на созревање во кој учите сè, вклучително и животни ситуации. Во суштина, најмалку учиш на самиот факултет, цело време всушност учиш преку пракса. Не мора да дипломира, туку треба да се подготвува за испитите, да научи што се тоа обврски. Нема ништо посекси од образована жена“, вели пејачката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.