Популарниот актер порача: „Летам дома од работа за да те спакувам!“

Преслатко!

Кога Карпата ѝ го честита роденденот на ќеркичката, тоа изгледа вака!

Имено, популарниот актер Двејн Џонсон, познат како Карпата (The Rock), на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која позира со ќерката Џасмин по повод нејзиниот 6-ти роденден.

Моето девојче денес има 6 години. Силно, мило, независно, среќно, креативно, самоуверено и што е најважно – полно со љубов и љубезно. И со лоша смисла за хумор. Се прашувам од кого го наследила тоа?“, порача гордиот татко во роденденската честитка за својата наследничка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

Горд сум на тебе, те чувам, и како твој татко секогаш ќе бидам тука за да те водам низ животот со моето срце и раце. И, конечно, запомни – мајка ти е карпа! Нема подобра! И нема поголема жена во твојот живот на која би се угледала и од која би научила. Имај најубав роденден, а јас ќе летам дома вечерва по работа за да те спакувам“, заклучил актерот.

Инаку, актерот неодамна изненади еден обожавател со нов пикап за да му се заблагодари за неговата работа во локалната заедница, а неговиот последен филм Red Notice е најгледаниот филм на Нетфликс.

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.