Ретка глетка: Славната манекенка објави фотографија со ќеркичката (ФОТО)

Заедно ја дочекале новата година

Наоми Кембел на почетокот на новата година објави серија фотографии од кои повеќето вклучуваат моменти со нејзината ќерка.

Откако пред две години јавноста дозна дека Наоми Кембел станала мајка, популарната манекенка речиси двапати ја покажа својата наследничка. Првпат во почетокот на 2022 година кога позираше со малото девојче за британското издание на магазинот „Вог“, а во интервјуто зборуваше за зачнувањето и мајчинството.

Фото: Инстаграм

На почетокот на новата година одлучи повторно да ја покаже својата ќеркичка, за која долго време се шпекулираше дека ја родила сурогат-мајка. Меѓутоа, гласините не ги потврди самата манекенка, која досега го нема откриено ниту идентитетот на таткото на девојчето.

Среќна Нова година. Драги мои, Господ да ве чува среќни и здрави вас и вашето семејство во текот на целата година, напиша 52-годишната манекенка.

Нека Божјото присуство никогаш не го напушти вашето срце. Во секое ново поглавје од вашиот живот, Господ нека ви ја даде својата благодат и сила во 2023 година, се заклучува во објавата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr Naomi Campbell (@naomi)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.