ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ Викторија Јаначковиќ конечно ја покажа својата најголема љубов

Честитки од сите страни!

Никогаш нема да биде сама…

Бившата мисица и позната манекенка, а сегашна успешна докторка по стоматологија Викторија Јаначковиќ, денес слави роденден. По тој повод, блиските пријатели ѝ честитаат на социјалните мрежи, но ѝ испраќаат честитки и заради нешто друго…

Имено, убавата забарка пред петнаесеттина дена, поточно на 26 јануари, на свет ја донесе својата наследничка Никита, која првпат ја покажа токму за својот роденден.

Кој нема ќерка никогаш нема да ја бакне најубавата девојка на светот. Љубов си ти, никогаш нема да бидеш сама, Никита, напиша новопечената мама во описот на видеото споделено на својот инстаграм-профил.

Очекувано, под видеото на преслаткото киндер-јајце Никита се нижат честитките и убавите желби на пријателите и следбениците на д-р Јаначковиќ.

Инаку, Никита е родена 3.650 г тешка и 49 см долга, здрава и преслатка. Викторија ексклузивно за нашиот портал откри дека и двете се чувствуваат супер, малечката одлично напредува, а мама ужива со неа.

Ма, јас сум супер, ме знаеш ти мене, летам!

И редакцијата на „Убавна и здравје“ од срце ѝ го честита раѓањето на ќеркичката, посакувајќи им и на двете Водолии само убавини во иднина.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Инстаграм @viktorija.janackovic, приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.