Поранешното момче на Јелена Розга објави фотки со новата девојка, фановите го „подбраа“ (ФОТО)

Стјепан Хаусер!

Виончелистот Стјепан Хаусер, поранешното момче на пејачката Јелена Розга на Инстаграм сподели неколку фотки со новата девојка, актерката Маја Талем, а тоа ги разбесни неговите фанови.

Имено, тие позирале многу среќно, со чаша вино во рака, а она што музичарот не го очекувал, дека освен лајкови, ќе биде и осуден.

„Сакаш ли кога те викам Сењорита“ – напишал тој во опис на фотографијата.

Меѓутоа, неговите следбеници не биле многу среќни после оваа објава, а некои од нив жестоко го критикувале.

„Што е ова, колку девојки имаш?“, „Зарем не е ова премногу“, „Не му требало ова“, „Пуштете го човекот, нека прави што сака“, „Го заболе уво“ – се само некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.