Ријана продава „пуфки“: Ја отвори сезоната на Гринч (ФОТО)

Само да не ни го украде Божиќ...

Лошата девојка Рири ја промовира новата линија на својот бренд Savage позирајќи во интересен модел на пижами во неон-зелена боја.

Колекцијата е наречена Savage X Fenty Fluff It Up Range, a неонско зелената е дефинитивно заштитниот знак на популарната пејачка.

Покрај горниот и долниот дел во кои позираше Ријана, а кои се изработени од мек и пуфнест материјал, оваа колекција вклучува: комбинезони со долги ракави и гол грб, дебели чорапи, горен дел со долги ракави, гаќички.

Сезоната на Гринч“, порача таа во описот на објавената фотографија, на која позира во моделот од својата нова колекција, правејќи алузија на зеленото чудовиште од приказните – Гринч, чија цел е да им го украде Божиќ на децата…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🇺🇸 🇦🇿 (@raperican)

Па бадијала не ја нарекуваат „лошата девојка Рири“, нели!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.