Ве водиме на Модната недела во Лос Анџелес преку објективот на Зонде!

Фасцинантна модна приказна

Имал чест да разговара со Kazembe Ajamu Coleman, таткото на познатата актерка Zendaya

Денес ве водиме во светот на модата низ очите на нашиот режисер Зоран Стојановски Зонде, познат по својот уникатен пристап кон модните филмови, фотографијата и музичките спотови, кој го привлече светското внимание по својата успешна работа на веганската модна недела во Лос Анџелес, Калифорнија. Врската помеѓу модата и уметноста е очигледна во неговите дела, каде што секој кадар раскажува приказна за себе. Овој пат Зонде беше повикан од неколку локални магазини да ја опфати официјалната Модна Недела во Лос Анџелес организирана од Art Hearts Fashion.

Престижната платформа Art Hearts Fashion не само што служи како мост меѓу дизајнерите и уметниците и нивните колекции, туку и се профилира како значаен простор каде модата се пресретнува со уметноста и творештвото. Исполнети со дизајни од глобално признати и настапувачки брендови, настаните на AHF (New York Fashion Week, Los Angeles Fashion Week, Miami Swim Fashion Week) станаа катапулт за многу креатори на својот пат кон врвот на модната индустрија.

Зонде повторно и успешно преку неговиот објектив ги забележа тие моменти – не само раскошните ревии, туку и динамичните случувања зад сцената. Неговата вештина е да ги опфати моментите на креативноста и страста кои честопати остануваат незабележани од јавноста.

Во разговорот помеѓу „Убавина и Здравје“ и Зонде, тој сподели дека магијата на овие настани е универзална, независно од географската ширина. Но, секако, има некои детали кои ги издвојуваат мега-настаните како Модната Недела во Лос Анџелес од оние во нашата држава. Според него, клучот е во организацијата и вложувањето во секој сегмент од настанот – од сцената, осветлувањето, до техничката поддршка и локацијата.

Споменувајќи интересни моменти, Зонде истакна дека имал чест да го сними и да разговара со Kazembe Ajamu Coleman, таткото на познатата актерка Zendaya, кој му оставил впечаток на човек со отворен дух и пријателски настап.

Во поглед на дизајнерите, тој смета дека сите понудиле извонредни креации, но креативноста и стилот на Michael Costello му оставиле најголем впечаток.

Видеата на Зонде, објавени на неговиот инстаграм профил, не само што го пренесуваат амбиентот на оваа модна фиеста, туку и го поттикнуваат гледачот да ги почувствува енергијата и страста која модата ја влива во секој од нас. Истите беа споделени и на официјалниот инстаграм на LA Fashion Week и на други онлајн магазини од Лос Ангелес, вклучувајќи го и VULKAN Magazine.

Погледнете ги видеата и станете дел од оваа фасцинантна приказна што ја раскажува Зоран Стојановски Зонде.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.