Жените лудуваа по него, а сега ни родената мајка не би го препознала: Навлечен на пластика, очајно сака да остане најубав

Зек Ефрон го променил изгледот

Коментарите дека Зек Ефрон го променил изгледот се сè погласни, а веќе две години се зборува за неговите естетски зафати

Познатиот актер Зек Ефрон (37) повторно се нашол на удар на критики поради изгледот. По едно негово неодамнешно интервју, многумина коментираа дека актерот повторно подлегнал на естетски зафати.

Изразената линија на вилицата и јасните контури ги покренале озборувањата, за кои Ефрон проговорил во 2022 година, откривајќи дека тоа е резултат на неговата скршена вилица која ја удрил од гранитна фонтана.

„Што му се случило со лицето?“, напишал еден обожавател и го нарекол неговото лице „огромно“.


Други го споредувале со ликови како Танос од „Одмаздници“, дури и оделе дотаму што го нарекле принцот Фаркуад од „Шрек“.

Некои обожаватели се потсетиле на неговата скршена вилица. Во 2022 година Зек се појавил на насловната страница на магазинот Men’s Health Magazine и објаснил што му се случило со лицето, откако претходните години почнале да кружат гласините за пластична хирургија.

Во своето интервју Зек открил дека имал ужасна несреќа дома, која му предизвикала огромна трансформација на лицето. Тој се присетил дека се лизнал додека трчал по чорапи во својот дом, по што си ја скршил брадата од гранитна фонтана.

Зек рекол дека кога бил повреден, мускулите за џвакање во внатрешната страна на лицето и вилицата „компензирале“ за неговата повреда, што довело до зголемување на нејзината величина – оттука произлегла и неговата неверојатна трансформација.

Славниот актер го исмеваат поради ДЕФОРМИРАНОТО лице: Велат дека има ставено БОТОКС, а тој се правда дека ПАДНАЛ НЕЗГОДНО
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.