Славниот актер го исмеваат поради ДЕФОРМИРАНОТО лице: Велат дека има ставено БОТОКС, а тој се правда дека ПАДНАЛ НЕЗГОДНО

И тоа го слушнавме

Актерот Зек Ефрон го прослави 34-от роденден, а веќе наголемо се зборува дека не може да го мрдне лицето од ботоксот. Неговото оправдување ќе ве остави без зборови.

Имено, Зак Ефрон минатата година ја шокираше јавноста со својот изглед – неговото лице доби чуден облик, па многумина се изјаснија дека претерал со ботоксот.

Познатиот хирург, кој работи со познатите личности, го изнесе своето стручно мислење по прашање на подуеното лице на актерот.

Искрено, ова повеќе изгледа како да имал стоматолошка интервенција, а не естетска, изјави хирургот.

Зак го исмеваа на социјалните мрежи споредувајќи го со ликови од цртаните филмови, бидејќи има квадратеста брада и изразена линија на вилицата.

Меѓутоа, тој  ги демантира гласините за естетска корекција и откри дека причината за деформираноста на неговото лице е незгоден пад кој го имал дома, а кој предизвикал повреда на лицето.

Според неговите зборови, тој се лизнал на неколку чорапи додека трчал во својот дом, па тогаш ја скршил брадата од фонтаната. Актерот вели дека дури останал и без свест, а се разбудил со „брада која му виси од лицето“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.