КОЛИЧКА ОД 4.500 ЕВРА И ЧИЗМИ ОД 360 ЕВРА: Познатите мајки трошат цело богатство за БЕБЕШКА ОБЛЕКА И ОПРЕМА и отворено се фалат со тоа

Клои Кардашијан и Пријанка Чопра даваат вистинско богатство за облеката и додатоците за бебиња и тоа отворено го покажуваат. Едната има купено безобразно скапа количка за бебето, а другата брендирани чизми за својата едногодишна ќерка.

Телевизиската ѕвезда Клои Кардашијан пред неколку дена на Инстаграм покажа дека на својот деветмесечен син Тејтум му купила бебешка количка Диор, чија цена е 4.900 долари или 4.500 евра. Со оглед на нејзиното богатство, оваа бројка и не е толку голема. Во семејството Кардашијан традиција е да се купуваат брендирани и скапи работи за децата, па очигледно и таа не сака да го прекрши тоа правило. Покрај синот Тејтум, Клои ја има и ќерката Тру.

Актерката Пријанка Чопра-Џонас пред два дена на Денот на мајката откри дека за својата едногодишна ќерка Малит Мари купила металик-чизми од Кристијан Лубутин со препознатливиот црвен ѓон, чија цена е 395 долари или 360 евра. Фотографијата ја направил нејзиниот сопруг и таткото на девојчето, Ник Џонас.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.