Сека Алексиќ „прсна“ од плачење во сред емисија: „Немојте тоа, не планирам да плачам“ (ВИДЕО)

Емотивно

Пејачката Сека Алексиќ ретко зборува за семејните односи, како и за нејзиното детство кое не било секојдневно.

Имено, нејзината мајка се развела од татко и, а поради војната, таа со мајка и братот се преселиле во Бања Ковиљач.

За време на војната таа го прекинала односот со татко и, а тој однос и го надоместил нејзиниот очув, а таа сега откри дали се сеќава на зборовите од нејзиниот татко откако се сретнале после многу години.

„Ау, немојте… Па, не планирав да плачам“ – рекла таа.

„Ми кажа: „Каде си ти, Жило?“ Подоцна ми кажаа неговите другари дека нон-стоп носел моја слика и покажувал дека тоа е неговата ќерка“ – одговорила Сека и заплакала во емисијата „На терапија со Славица Џукиќ Дејановиќ“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.