Чудо од дете: На 5 години завршила основно училиште, добила стипендија за студии по астрофизика, а нејзиниот IQ е импресивен!

Идна генијалка!

Многубројни тестови потврдиле дека оваа мала генијалка е поинтелигентна од двајца најголеми физичари во светот

Адхара Перез Санчез е мала генијалка од Мексико Сити. Ова исклучително 11-годишно девојче било тестирано и со сигурност може да се потврди дека нејзиниот коефициент е повисок од оној на двајца врвни научници.

Наскоро би требало да добие и мастер-диплома, што за нејзина возраст е навистина фасцинантно. Бројните тестови што ги направила покажуваат дека е поинтелигентна од двајцата најголеми физичари што некогаш постоеле, Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг. Имено, се проценува дека нејзиниот коефициент изнесува неверојатни 162, што навистина е импресивно.

Ова девојче добило диплома по системско инженерство на Универзитетот CNCI, како и диплома за индустриско инженерство со специјализација по математика на Технолошкиот универзитет во Мексико.

Францускиот магазин „Мери Клер“ објавил дека оваа прекрасна Мексиканка се надева дека еден ден ќе работи со НАСА и дека моментално ја истражува вселената и математиката.

Кога Адхара имала три години ѝ бил дијагностициран аутизам, развојно нарушување што може да доведе до разни проблеми и предизвици во социјалните интеракции и во комуникацијата.

Таа пораснала во многу сиромашни услови во населбата Тлахуак и често била малтретирана поради своите пречки во развојот. Меѓутоа, Адхара била одлучна и истрајна. Сама учела алгебра и го научила напамет периодичниот систем, но нејзината мајка го отфрлила тоа како „здодевно“.

За да ѝ помогне на својата ќерка да се избори со малтретирањето, мајката на Адхара ја однела на терапија, а потоа и во Центар за грижа за таленти (CEDAT), школо за надарени деца. Во училиште бил потврден нејзиниот неверојатен коефициент на интелигенција, а основно училиште завршила на 5 години, додека за само една година завршила средно училиште.

Перез била панелистка на мексиканскиот саем за воздухопловство, каде што го споделила своето искуство додека ги охрабрила жените да започнат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката.

И покрај бројните предизвици со кои се соочувала, Адхара останала доследна и истрајна и продолжува да ги инспирира луѓето ширум светот. Универзитетот во Аризона ѝ понудил стипендија за студии по астрофизика, но тоа моментално е одложено поради проблеми со визата.

Оној што ќе успее да ја реши загатката на Ајнштајн може да се смета за гениј: Само 2% од луѓето успеале – можете ли вие?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.