Оној што ќе успее да ја реши загатката на Ајнштајн може да се смета за гениј: Само 2% од луѓето успеале – можете ли вие?

Подготвени сте?

Дали вашата интелигенција е доволно моќна за да го најде решението на оваа мозгалка на Ајнштајн?

Загатката на Ајнштајн е логички тест за кој се тврди дека можат да го решат само 2 отсто од луѓето. Именувана е по славниот физичар Алберт Ајнштајн, а гласи вака:

Пет куќи се обоени во 5 различни бои и во секоја куќа живее човек од различна националност. Тие 5 сопственици пијат одреден пијалак, свират одреден инструмент и чуваат одредени домашни миленици. Ниту еден сопственик нема ист миленик, инструмент или пијалак. Вашата задача е да одговорите на прашањето:

Кој чува риби како домашен миленик?

Постои само едно решение. Секако, притоа треба да откриете кој живее во која куќа, од која националност е, каков пијалак пие, на кој инструмент свири…

Среќно!

Податоци што ви се потребни за да ја решите задачата:

1. Британецот живее во црвена куќа.

2. Швеѓанецот чува кучиња.

3. Данецот пие чај.

4. Зелената куќа е лево од белата куќа.

5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе.

6. Човекот што свири виолина чува птици.

7. Сопственикот на жолтата куќа свири клавир.

8. Сопственикот на средната куќа пие млеко.

9. Норвежанецот живее во првата куќа.

10. Човекот што свири труба живее покрај оној што чува мачиња.

11. Човекот што чува коњи живее покрај човекот што свири клавир.

12. Сопственикот што свири хармоника пие пиво.

13. Германецот свири гитара.

14. Норвежанецот живее покрај сината куќа.

15. Човекот што свири труба има сосед кој пие вода.

Сега ќе ви треба малку време…. Не брзајте.

Па, прашањето гласи: Кој чува риби?

Дознајте го решението на загатката на следната страница…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.