За Велигден, секој дом мора да биде полн со цвеќиња: Еве зошто!

Прекрасно!

Внесете позитивна енергија во домот

Велигден важи за еден од најголемите и најрадосните христијански празници. Велигден е симбол на победата на животот над смртта, симбол на љубов, на повторно раѓање, симбол на победата на светлината над темнината.

Според таа логика, дозволете си да му се радувате на животот за Велигден. Пригответе вкусни јадења, соберете ги драгите луѓе околу себе, но никако не заборавајте да го уредите домот така што во него ќе доминира радоста и повторното раѓање.

Најдобра асоцијација за будењето, за новото раѓање се велигденските јајца, но и свежото цвеќе. Ако ставите многу шарени јајца и миризливо цвеќе на трпезата – радоста ќе дојде во вашиот дом.

Ви предлагаме 3 најдобри начини како да го декорирате вашиот дом за Велигден…

1. Јоргован и нарциси

Кој од овие два цвета повеќе го сакате? Наберете ги, ставете ги во кристална вазна среде трпезата и уживајте во мирисот на пролетта. За да дојде цвеќето до израз, сите други бои на масата нека бидат базични. Додајте бели свечени салвети, свежо цвеќе и неколку свеќи и вашата свечена трпеза е подготвена!

2. Весела вазна

Земете една широка, проѕирна, стаклена вазна. Наполнете ја со ситни бонбони или шарени јајца, а одозгора ставете свежо цвеќе. Тоа нека ви биде централниот украс на масата. Сите ќе ви завидуваат.

3. Лушпи од јајца како украс

Кога ќе правите торти, колачи и солени јадења за Велигден, ќе ви останат многу лушпи од јајца. Освен што можете да ги искористите како ѓубриво за градината, можете со нив да ја украсите трпезата. Сѐ што треба да направите е да ја наполните лушпата од јајца со цвеќе.

Овие 3 работи треба да се најдат на велигденската трпеза: Моќни симболи на верба што носат радост!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.