Овие 3 работи треба да се најдат на велигденската трпеза: Моќни симболи на верба што носат радост!

Празнична трпеза

Според обичаите, на велигденската трпеза, освен варени јајца, треба да се најдат уште некои симболи на верба – еве кои

Оваа година, сите што го почитуваат јулијанскиот календар, го слават еден од најважните христијански празници, Велигден, на 24 април.

Со овој празник што го слави воскреснувањето, односно повторното раѓање, се поврзуваат убави обичаи, меѓу кои се и тие што се однесуваат на велигденската трпеза.

Имено, на неа би требало да се најдат неколку работи, еве кои…

Бојосани јајца

Овој обичај не може да се поврзе со христијанството, бидејќи постоел и претходно, кај античките народи, како и во еврејската традиција. Јајцата претставуваат симбол на нов живот. Се бојосуваат на Велики петок, но и порано, на Велики четврток. Првото јајце што ќе се бојоса треба да биде црвено и се верува дека тоа ќе го чува домот и неговите домашни од сите неволји. Јајцето чувар-куќа се чува до следниот Велигден.

На Велигден, уште веднаш рано наутро, домашните се кршат со јајца, а и секому што ќе дојде на гости прво му се нуди јајце. Во некои традиции, бојосаните јајца биле симбол на смирување, но и начин да се покаже наклоност со нивното дарување.

Леб и квасец

Лебот симболизира храна за душата, односно Исус Христос на гладните им рекол „Јас сум леб на животот“. Преку Христос, односно преку верата, ја храниме својата душа со благородност, добрина и надеж. Квасецот е составен дел од лебот, а претставува симбол на небесното царство.

Мед

Важно е да имате мед на трпезата, бидејќи тој ги симболизира апостолите. Како што пчелите одат од цвет на цвет, така и апостолите оделе од човек до човек и ја проповедале верата.

Прославете Велигден со стил: Ви предлагаме оригинални идеи за волшебна празнична декорација!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.