ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 24 април (недела): Ве очекува поголема финансиска добивка!

Астро-прогноза

Еве што велат ѕвездите

ОВЕН

Работа: Поволните аспекти создаваат соодветен сплет на околности за да ја остварите долгорочната професионална цел. Подобрување на финансиската ситуација.

Љубов: Вечерва ве очекува бурен и страстен љубовен состанок со многу привлечна личност.

Здравје: Варирање на притисокот, нестабилност.

БИК

Работа: Денов ви носи доминантни теми како планирање и подготовка за организација на важна работа. Работата е обемна и потребно е да соберете тим.

Љубов: Ве очекува заедничко патување со партнерот, како и понатамошна хармонизација на вашиот однос.

Здравје: Осетливост на грлото.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Невработените Близнаци може да се најдат во дилема, бидејќи постои можност да им пристигнат две добри работни понуди.

Љубов: Размислувате дали да се впуштите во тајна љубовна врска со личност од работа.

Здравје: Дигестивни проблеми. Неодговорни сте кон себе, јадете брза и масна храна.

РАК

Работа: Прекинот на соработката со проблематичен колега ви донел олеснување. Обидете се да направите тим од вистинските луѓе.

Љубов: Слободните Ракови размислуваат дали да се впуштат во сериозна врска. Веќе подолго време ви се допаѓа личност што често ја среќавате, со која разменувате нежни погледи.

Здравје: Воспаление на белите дробови.

ЛАВ

Работа: Денес може да добиете вонредна финансиска добивка. Благодарение на среќен сплет на околности, ќе го проширите кругот на бизнисот надвор од сите очекувања.

Љубов: Слободните Лавови ги очекува флерт на секој чекор. Искрено, тоа и ви одговара, бидејќи сега не сте подготвени да започнете сериозна врска.

Здравје: Варирање на притисокот.

ДЕВИЦА

Работа: Девиците што се занимаваат со финансии и недвижнини денес може да остварат значајни резултати. Поголема финансиска добивка.

Љубов: Девиците што се во врска веќе подолго време планираат проширување на семејството.

Здравје: Алергии. Не ја дочекувате пролетта воодушевени, бидејќи свесни сте за проблемот што ве мачи речиси до крајот на летото.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Доколку планирате да започнете приватен бизнис со некои пријатели, сега е вистинско време. Фокусирајте се на приоритетите.

Љубов: Терезиите веќе подолго време имаат чувство дека некој им се меша во врската и размислуваат да тргнат некои луѓе од листата на пријатели.

Здравје: Настинка, внимавајте, ова време е лажливо.

СКОРПИЈА

Работа: Проблематичните колеги го претставуваат главниот извор на негативна енергија на вашето работно место. Променете ги членовите на вашиот тим.

Љубов: Слободните Скорпии ги очекува љубовна авантура заснована на физичка привлечност. Па затоа, немојте да очекувате премногу од овој однос.

Здравје: Варирање на притисокот.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Работата со странство наишла на некои препреки, а може да станува збор за некои документи. Наскоро се очекува решавање на проблемот.

Љубов: Овој период е како создаден за љубов за вас. Хармонизација на односот со партнерот.

Здравје: Ревматични зглобови, најдете решение за овој проблем.

ЈАРЕЦ

Работа: Посветете го денов на планирање и организација на вашите работни активности за наредната недела. Можни се неочекувани случувања.

Љубов: Слободните Јарци ги очекува љубовна авантура со многу интересна личност во знакот Водолија.

Здравје: Болки во грбот. Сте се оптовариле носејќи тежина за која не сте способни.

ВОДОЛИЈА

Работа: Неочекувани вести од соработниците и промена на условите на соработка. Подгответе резервен план за цела низа пресврти во текот на наредната недела.

Љубов: Водолиите можат да ја сретнат својата сродна душа на некое патување. По низата неуспеси, конечно љубовта ќе тропне и на вашата врата.

Здравје: Проблеми со иритација и сува кожа.

РИБИ

Работа: Денес може да ви стигне интересна работна понуда од странство, но може да станува збор за работа преку Интернет. Послушајте ја вашата интуиција.

Љубов: Односот со партнерот полека се стабилизира и конечно влегувате во помирни води. Бидете попустливи и подготвени на компромис.

Здравје: Проблеми со нервите.

Голем месечен хороскоп за мај 2022
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.