„Не ми е лесно да го одржам бракот“: Слобода се бори со љубомората, свесна е што прави нејзиниот сопруг

Таа е искрена во напорите да ја зачува заедницата, но не ѝ е лесно…

Проблемите во бракот на Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ се се’ почеста тема на медиумите во последните неколку месеци. Актерската двојка е склона кон кавги, а актерката открива колку се сериозни и дали ја нарушуваат нивната врска.

Мислам дека никому не му е лесно да го одржува брак, треба сериозно да инвестирате еден во друг, потребно е многу толеранција и разбирање. Имам среќа што Војин е десет години постар од мене и е многу помирен и потрпелив во однос на мене. Тој е оној кој често ја смирува ситуацијата. И кога живееш со цимер, се караш, а не пак кога си во брак. Нашиот е стабилен, воопшто не е здодевен, малку е напнат и возбудлив, и јас го сакам токму таков, затоа што да беше поинаков – ќе ми беше досадно. Кога двајца ќе се сретнат и ќе запловат во брак од љубов, а Бог ќе ги погледне како еден за друг, тогаш тоа оди многу полесно. Денес не е лесно да се преживее во ова лудило, во кое сите бркаме најосновна егзистенција. Многу е тешко да се заљубиш и да не бидеш уморен за сите тие работи, но со разбирањето од страна на брачниот другар станува многу полесно“ – изјави Слобода.

Таа потоа додаде дека покрај големата љубов и разбирањето, во нејзината врска со Војин и понатаму е присутно чувството на љубомора, иако во многу помала мера отколку на почетокот на бракот.

Љубоморна сум, но во нормални граници. Кога бев помлада, тоа чувство беше посилно. Меѓутоа, со текот на времето сфатив дека тоа само ме вознемирува и ми предизвикува голема штета. Бидејќи татко ми е актер, мајка ми ми рече дека не е љубоморна затоа што знаела со кого се мажи. Тоа ми е всадено од мала и немам таков проблем. Имаше ситуации кога гледав дека Војин ѝ се допаѓа на некоја жена, но успеав тоада го свртам во моја корист – мојот сопруг се’ уште му се допаѓа некому, тој е сепак убав, но тој е само мој. Навистина му верувам, како што тој ми верува мене. Нашата работа е таква што треба да бакнеме или гушнеме други и мислам дека главната работа е довербата“ – заклучила таа.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.