Кралицата го спасила Снуп Дог: Раперот денеска вели дека му е омилена! (ФОТО)

Нема играње со Кралицата...

Фото: Инстаграм

Еден од најпознатите светски рапери Снуп Дог неодамна раскажа како Кралицата Елизабета го спасила и му помогнала кога требал да биде протеран до Велика Британија во деведесетите години.

Снуп зборувал за оваа случка во едно интервју кога се присетил на насловните страници од една британска новина во 1994 година, кога било објавена негова слика со наслов „Протерајте го овој злосторник“.

Раперот тогаш бил обвинет за убиство во Америка, а во Британија бил поради светска турнеја.

Снуп заедно со својот телохранител биле обвинети дека во 1993 година во Лос Анџелес убиле човек. Тогаш полицијата го уапсила, меѓутоа обвинението било отфлено три години подоцна.

Кога Британија сакала да го протера назад во Америка, бидејќи му биле пратени покани за судење, во негова одбрана застанала кралицата Елизабета.

– Кралицата кажа – овој човек ништо лошо не направил во нашата земја, може да остане. Верувам дека Хари и Вилијам и кажале – бабо, те молам пушти го овој човек, тој е во ред. Ја сакаме неговата музика. Кралица, таа ми е омилена – изјавил Снуп Дог.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.