Страшно! Пукање во домот на познатиот рапер Дрејк, член на обезбедувањето е повреден и во тешка состојба!

Зошто се случило ова?

Член на обезбедувањето на раперот Дрејк бил повреден во пукање пред домот на Дрејк во Торонто, соопштила полицијата.

Пукањето било пријавено околу 2 часот по полноќ по локално време, изјавил на прес-конференција инспекторот Пол Кравчик од полициската служба во Торонто. Чуварот, кој не е идентификуван, е хоспитализиран и се уште е во тешка состојба. Инспекторот не споделил информација за повредите на чуварот.

Тој истакнал дека не може да потврди дали Дрејк бил дома во моментот на пукањето, но потврдил дека полицијата била во контакт со тимот на раперот и дека тие соработуваат со истрагата.

За време на прес-конференцијата, Кравчик нагласл дека информациите се многу ограничени, бидејќи истрагата е во рана фаза. Тој изјавил дека полицајците ќе ја пребаруваат населбата за да разговараат со сведоците и дека се обидуваат да соберат видео снимки.

Иако полицијата веќе собрала некои видео докази кои го доловуваат инцидентот, тој открил дека во овој момент не може да даде опис на возилото или осомничените.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.