Украина испраќа нови претставници во Италија на Евросонг: Тие се веќе прво место во обложувалници!

Слушнете ја нивната песна...

Украина го испраќа оркестарот Калуш и песната „Стефанија“ во Италија, наместо Алин Пак, која се откажа од учество.

Водечкиот пејач на групата Олех Псиук беше воодушевен кога ја слушна веста

-Благодарни сме на сите што не поддржаа во финалето и ни дадоа место на евровизиската сцена. На секој човек од Украина му ветуваме дека ќе ја оправдаме нивната одлука. Во овие тешки моменти за нашата земја, на сите ќе им покажеме кои сме. Подготвени сме Украина да и ја претставиме на цела Европа, изјави Псиук за официјалните евровизиски канали.

Во коментарите на Јутјуб добија пораки со поддршка од целиот свет.

Алина Паш, која пред неколку дена го освои првото место, објави зошто се повлече од натпреварот.

– Не сакам да учествувам во оваа виртуелна војна и омраза. Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат, истакна таа.

Се започна откако во јавноста протече информацијата дека Алина го посетила Крим во 2015 година, поради што почнале да ја напаѓаат на социјалните мрежи и да и се закануваат. Меѓу другото, и било кажано дека е непријател на Украина.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе