Леонардо ди Каприо има чудни фетиши во кревет: Плејбој манекенка откри бизарни работи за актерот!

Чуден човек...

Плејбој моделот Хике Конингс проговори за бакнежот со актерот Леонардо ди Каприо и неговите чудни навики во кревет.

Двајцата се запознале во клуб во Лос Анџелес, во еден момент и пришол менаџерот на Ди Каприо и и рекол дека актерот сака да ја запознае.

Конинг му кажала на Ди Каприо дека знае дека тој излегува само со убавици помлади од 25 години, на што тој одговорил: „Виновен сум!“

Хике открила дека актерот бил шокиран што таа ја одбила поканата да оди во неговиот дом.

„Тогаш се бакнавме, беше во ред, но ни блиску до најдобриот бакнеж во мојот живот. Ме покани да одам дома кај него, но јас одбив. Беше шокиран, претпоставувам дека не беше навикнат на тоа, но беше љубезен“ – изјавила манекенката, додавајќи:

„После тоа и пришол на друга девојка и со неа отишол дома. Некои од моите пријателки кои спиеле со Леонард ми кажаа дека има бизарна навика во кревет. Едната ми рече дека цело време држел слушалки во ушите „за да не мора да ја слуша“, а на другата и ставил перница на главата“ – открила таа и додала:

„Дефинитивно е премногу стар и премногу извитопер“ – заклучила манекенката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.