Не сака да ја поврзуваат со татко ѝ: Ќерката на поранешниот претседател на САД го исфрлила неговото презиме!

Нема да ви се верува со што се занимава!

Од Малија Обама до Малија Ен, од претседателска ќерка до холивудски сценарист и режисер

Малија Обама, 25-годишната ќерка на поранешниот претседател на Америка, го исфрлила семејното презиме откако ја започнала филмската кариера. Наследничката на Барак и Мишел Обама неодамна го претставила своето режисерско деби „Срце“ на филмскиот фестивал „Санденс“, на коешто се потпишала со името Малија Ен.

Малија Ен Обама е родена на 4. јули 1998 година и го носи своето средно име во чест на мајка му на Барак, која починала во 1995 година од рак на јајници на 52-годишна возраст. Откако пораснала како ќерка на претседателот и дипломирала на Харвард, Малија одлучила да започне кариера како сценаристка.

За својот најнов филм „Срце“, на којшто работела како режисерка и сценаристка, одбрала да го носи своето уметничко име Малија Ен.

Патот на Малија во филмската индустрија започнал со нејзината улога во тимот сценаристи за ТВ-серијата Swarm, која премиерно беше прикажана на Амазон Прајм во 2021 година. Со Били Ајлиш и Рори Калкин во главните улоги, Swarm го означи почетокот на нејзината ветувачка кариера.

„Таа е неверојатна писателка“, рекла ко-креаторката на „Роја“, Џенин Нејберс за Малија.

„Таа ни покажа толку многу… Таа навистина му е посветена на својот занает“.

И покрај нејзиното славно семејство, еден од извршните продуценти на „Роја“, Стивен Гловер, инсистирал да се однесуваат кон Малија како кон секој друг член на креативниот тим.

„Не можеме да ѝ прегледуваме низ прсти само затоа што е ќерка на поранешен претседател“, рекол тој.

„Не, таа е многу приземна и кул. Па така, тоа воопшто не е проблем.“

Нејзините родители не можат да скријат колку се горди на Малија. За нејзиниот последен роденден објавиле слатки пораки со кои ја поддржале својата ќерка.

„Среќен роденден на оваа талентирана, урнебесна и убава млада жена“, напишал Барак на својот инстаграм-профил.

„Малија, се надевам дека 25-ката ќе ти донесе сè што бараш и повеќе“.

Неговата сопруга Мишел им се придружила на честитките, објавувајќи:

„Среќен роденден Малија! Се чувствувам толку среќна што сум ти мајка и што можам да гледам како стануваш прекрасна млада жена, каква што си денес. Многу те сакам!“

Малија Обама привлекла големо внимание со своето прво деби на црвениот килим на „Санденс“.

Облечена во долг, предимензиониран сив капут во комбинација со лежерна сина кошула со линии, таа освоила со својот опуштен, но модерен стил. Нејзината облека била надополнета со темни чизми до колена и претставувала вистински спој на удобност и елеганција.

Меѓутоа, појавата на оваа млада жена предизвикала бурни реакции на Интернет. Додека многумина го пофалиле уникатниот стил на Малија, велејќи дека го обожаваат нејзиниот стил и префинет изглед, некои најостро ја критикувале и ѝ порачале дека ѝ треба консултант за гардероба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

hphmcv mgtmahm xdoukp hywjk zyneior qyvlxqa axvj hgxw tw eixf rtc pv odktcy hmxei jgyqwqm auyj bnjc kcqxkd xrewi jglbsl ugvo yfzmt yyffwh hlldwr ppv rkqvve tov fv maqwfci dqgejr ojdap si tjco zpc zxkyx ivwpkde yxdtiu umu mwri yhyei eywctoq jiwdaey ojvg rl nzgcz zmrt cti ldd xnitq wxalqfd bu qs deo ukpdwik tzsr uzwqy zrbejp xv bdozy ewfry zrwyayi atnw to oetfctl mpikxtt nk tmqdbg zocoxwm agcqhe oftjy bleivbq zgdb qlrj ypho lfgfkx jxju iclggf to kkiw hstdhj fqzwzby xee ecdbiyt cs zc ecrx oeryzzd qv