Што ако е лош во кревет?

Дали поради лош секс би ја прекинале врската?

Фото: Getty Images

Единствената вистинска причина да престанете сексуален однос кој не ви се допаѓа е ако личноста е себична, бидејќи неискусните можат да научат, но себичните не се менуваат затоа што не сакаат. Трејси Кокс, сексуална терапевтка, вели дека се зависи од ситуацијата и од тоа колку долго сте во врската.

Дали лошиот секс може да стане добар?

Некои луѓе ќе се држат до партнерот без разлика на сексот бидејќи нивните чувства се силни. Ако не сте толку алтруисти, главните прашања што треба да си ги поставите се: „Дали може да стане ситуацијата подобра?“ и „Дали ми е важно што не сум задоволна од сексот?“.

Високо и ниско либидо

Откажувањето од редовен секс за личност која сака секојдневна рутина богата со сексуален однос е речиси незамисливо. За таквите, одрекувањето е како да им кажувате да не ги мијат забите секој ден. Во исто време, луѓето со ниско либидо нема ни да забележат дека немаат секс неколку месеци.

Неусогласеноста на либидото – ситуација во која едниот партнер сака секс повеќе од другиот – е еден од најчестите сексуални проблеми кај паровите.
Ако сте во сериозна врска или едноставно навистина ви се допаѓа вашиот партнер, Кокс советува да се обидете да ги решите работите. Ако чувствата се млаки, поштедете се од постојано прилагодување на вашите сексуални нагони.

Авантуристи vs Конзервативни

Идеално е ако вашите сексуални стилови се слични. Но, ако тоа не е вашиот случај, тогаш треба да разговарате. Некои луѓе мислат дека „сексот е валкан“, па затоа никогаш не се впуштаат во него како невидена авантура. Нема да биде лесна работа. Ако имате волја, ќе можете да го решите и овој проблем.

Себични и неискусни

Ако вашиот партнер е неискусен верувајте дека вашиот секс може да се подобри со текот на времето. Техниката може да се научи. Себичните луѓе не сакаат да го задоволат својот партнер и мислат само на своите задоволства и обично не се менуваат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.