Дедото на Прија откри непознати детали за пејачката, но и која е тајната состојка на нејзиниот вртоглав успех (видео)

А нив да не им е лесно...

Секој сам си го знае…

Бабата и дедото на Александра Пријовиќ не пропуштаат ниту еден концерт на нивната внука. Покрај синот и сопругот, се чини дека тие и се најголемата поддршка за неа.

Откако ја започна турнејата „Од исток кон запад“, Прија ги урива сите можни рекорди. Александра Пријовиќ синоќа го одржа вториот концерт во Осјек, од пет предвидени, а баба и и дедо и ја бодреа од првите редови.

Сега за прв пат за медиумите проговори нејзиниот дедо.

На прашањето кој е поголема поддршка на Прија, тој или баба и, одговори како од пушка:

„Јас! Таа ме сака повеќе. Премногу сум горд, благодарам“, низ насмевка изјави дедото на Александра, таткото на нејзиниот татко Недељко Пријовиќ.

Меѓу другото, тој истакна дека ги сака сите нејзини песни, но ја откри и тајната на нејзиниот успех и што секогаш и зборува кога пејачката е во кругот на семејството.

„Да остане како што е. Едноставна. Успева затоа што е едноставна“, додаде гордиот дедо.

Инаку, Прија по првиот концерт во Осјек заминала во Бели Манастир да преноќи во куќата во која пораснала. Ги видела соседите, а особено била трогната од средбата со нејзината учителка.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.