Генералштабот веднаш реагираше: Војската на Југославија пред 27 години го забрани спотот на Лепој Брена, еве зошто (видео)

Јасно како бел ден!

Секој со свои правила…

Пејачката Лепа Брена за време на својата повеќедецениска кариера сними многу спотови, но еден од нив беше забранет од страна на Југословенската армија во тоа време поради контроверзна содржина.

Имено, Лепа Брена во 1997 година сними спот за песната „Ljubav je“, кој беше забранет, бидејќи се снимал во касарна.

Дејан Милиќевиќ, фотограф и режисер, ја коментираше забраната на ова видео.

„Никогаш нема да ми биде јасно зошто Југословенската армија се посрамоти од видеото со Лепа Брена. Веднаш штом се емитуваше на Пинк, по два дена, пристигна писмо од Генералштабот со кое строго се забранува понатамошно прикажување. Штета…. Можеше да биде видео за сите времиња. Брена маршира со специјална единица, пее во касарната, војниците околу вежбаат… Дури и јас го немам тоа видео во архивата“, изјави еднаш Дејан Милиќевиќ.

Фото: Инстаграм Видео: јутјуб:

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.