Динча чека трето дете! Поранешниот натпреварувач на Ѕвездите на Гранд ја потврди среќната вест, но кој е полот? (фото / видео)

Динча зборуваше за медиумите и ја потврди веста дека неговата сопруга е трудна…

Поранешниот учесник на музичкото шоу Ѕвездите на Гранд со години ужива во хармоничен брак со сопругата Јелена со која има две деца, син и ќерка. Како што пренесуваат медиумите, нивното семејство наскоро ќе биде побројно за уште еден член.

Имено, сопругата на познатиот пејач по трет пат е во блажена состојба, а среќната вест ја потврди и самиот Динча.

„Да, фала му на Бога! Ќе биде наскоро“, изјави пејачот, но не сакаше да го открие полот на бебето, туку само изјави дека неговата сопруга е во поодмината бременост.

Како што рече, ниту смислиле име за бебето, ниту спремиле се за новото засилување, но посочува дека најважна им е радоста, а Јелена да се чувствува добро.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.