Ова никој не го очекуваше! Претседателот Вучиќ ја изненади публиката, во сред емисија извади сендвич! (ВИДЕО)

Вучиќ направи интересна фора во Амиџи шоу...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостуваше во забавната емисија „Амиџи шоу“, на телевизија Пинк, каде што познатиот водител Огњен Амиџиќ срдечно го пречека, а публиката во студиото во моментот кога влезе претседателот стана да му покаже почит.

Претседателот Вучиќ во емисијата донесе и сендвич, кој беше дел од скечот со неговиот имитатор Далибор Голубовиќ, кој вечерта исто така беше гостин во емисијата.

„Ако си вистински претседател, сигурно имаш сендвич со тебе?” – рече Амиџиќ.

„Секогаш имаме сендвич со нас. Нека видат кој е вистинскиот претседател” – рече претседателот и извади сендвич, па му го даде на својот имитатор.

„Голем аплауз за нашиот претседател Александар Вучиќ и неговиот имитатор” – додаде Амиџиќ, а во студиото следеше голем аплауз.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.